Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. |  + 389 2 24 61 108 | + 389 2 52 11 200 | + 389 75 446 395

АВТОМАТИЗАЦИЈА НА ОБЈЕКТИ


     KNX е светски стандард за автоматизација на домови и згради. Стандардот се базира на 20 годишно искуство, а негови претходници на пазарот се EIB, EHS и BatiBUS. KNX е дефиниран како интернационален стандард под референца ISO/IEC 14543-3, европски стандард CENELEC EN 50090 и CEN EN 13321-1 и кинески стандард како GB/Z 20965.

Автоматизацијата во домови и згради овозможува:
-Управување со осветлување
-Управување со ролетни и жалузини
-Управување со сигурносни системи
-Управување со системи за вентилација, греење и ладење
-Управување со мониторинг системи
-Далечинско управување со инсталацијата
-Мерење на разни физички величини
-Управување со аудио/видео

     Автоматизацијата во домови и згради обезбедува комфор, сигурност, заштеда на енергија, флексибилност и адаптивност на иден развој.      

    Најголемите светски компании кои произведуваат опрема за осветлување, греење, ладење, вентилација, сигурносни системи, аларми се членови на KNX асоцијацијата и произведуваат опрема согласно овој стандард.
     Со имплементација на оваа технологија за автоматизација во домови и згради се заштедува 30-40% енергија, и се намалува емисијата на штетни гасови. Енергијата се употребува интелигентно со што се зголемува енергетската ефикасност на објектите.
     Имплементираната автоматика во инсталацијата за осветлување, греење и ладење овозможува управување со објектот и преку софтвер кој се извршува на компјутер или смарт телефон. Доколку системот е поврзан на Интернет, со објектот може да се управува и далечински. Овие можности значително го зголемуваат конфорот со употреба на овој тип инсталации, во однос на класичните инсталации.
     Со имплементација на автоматизација во осветлување, може да се овозможи автоматско палење на светло доколку има присуство на луѓе и автоматско гасење на истото доколку нема никој присутен. Светлото може да се подеси да свети од 0 до 100%. Константна осветленост во просторијата се овозможува со подесување на интензитетот на светлото во зависност од интензитетот на дневната светлина. Светлото може да се контролира и преку софтвер кој се извршува на компјуер или телефон.
Ролетните или жалузините можат да се дигаат или спуштаат на прекидач. Движењето на истите може да се автоматизира во зависност од времето во денот (наутро да се дигаат, навечер да се спуштаа) или во зависност од брзината на ветерот (на голема брзина да се спуштаат, на помала брзина се дигаат). Ролетните или жалузините може да се контролираат и преку софтвер кој се извршува на компјуер или телефон.
    

Греењето и ладењето исто така може да се автоматизираат со цел на заштеда на енергија и зголемување на комфорот. Може да се подеси посакувана температура и системот истата ќе ја постигне. Доколку некоја врата или прозор е отворена подолго време, греењето/ладењето автоматски ќе се исклучи во таа просторија заради заштеда на енергија.
Функциите на инсталацијата во објектот, имплементирана со KNX стандардот, може да се со менување на програмите во уредите, без да има потреба да се менува самата инсталација.
На располагање се голем број на сензори кои можат да мерат различни физички величини и истите, во дефиниран временски интервал да ги праќаат на компјутерски систем кој може да ги запишува во соодветна база на податоци. Добиените податоци може да се анализираат, да се цртаат графикони или пак во зависност од одредени вредности да се преземат некои акции. На пример, доколку некој сензор измери вредност поголема од некоја гранична вредност, може да се вклучи или исклучи некој уред или пак да се прати SMS или email.
     Постојат сензори за температура, осветлување, притисок, влажност на воздух, брзина на ветер, CO2, кислород, присуство на вода и многу други.. Најновите switch актуатори ја мерат и моменталната потрошувачка на електрична енергија. Информациите за потрошувачката може да бидат пратени до компјутерски систем и запишани во база на податоци, со што се овозможува разновидна понатамошна обработка на информациите.

Категорија: Решенија
Facebook Image