Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. | + 389 2 24 61 108 | + 389 2 52 11 200 | + 389 75 446 395
Изработуваме специјализиран апликативен софтвер од најразлични области спрема потребите на корисникот. Софтверот се изработува во согласност со најсовремените технологии. За развој се користат JAVA и NET платформите, за сместување на податоци се користат PostgreSQl, MySql и MSSQL, релационите бази. Софтверот може да се извршува на Windows или Linux платформа како Desktop апликација или пак решението може да биде Web ориентирано преку користење на соодветен Aplication сервер. Поради одличната работа ја добивме довербата на голем број државни и приватни клиенти.
При одржување на ИТ системи ги превземаме сите активности потребни за правилно функционирање на на информациониот систем на клиентот. Одржувањео подразбира отклонување на сите настанати проблеми, превентивни мерки кои спречуваат појава на проблеми и предлози за унапредување на Информациониот систем на корисникот. Со тоа се добива Информационен систем кој обезбедува доверливост, достапност и интегритет на податоците.
За реализација на овие услуги од наша страна ќе бидат ангажирани високо стручни лица со долгогодишно искуство кои ке бидат достапни телефонски или во просториите на корисникот во зависност од потребата. Со оваа услуга се добива партнер од ИТ областа кој го познава Информациониот систем на корисникот, го унапредува истиот и ги отклонува сите настанати проблеми.
Преку консултативните услуги од областа на Информатиката и Телекомуникациите, даваме совети како најдобро да се користат Инфорационо-телекомуникациските технологии за достигнување на поставените бизнис цели. Во соработка со Вас, преку унапредување на Информационо-телекомуникациските технологии во Вашата компанија, се обезбедува значително зголемување на продуктивноста и намалување на трошоците. Со поврзувањето на Интернет компаниите ја зголемуваат продуктивноста и ефикасноста во работата. Поврзувањето на Интернет корпоративната информатичка мрежа го зголемува ризикот од несакани и неовластени упади во системот. Нашите експерти помагаат при проценка на ризик, идентификација на сигурносни пропусти, креирање и имплементација на Архитектура за Информациона сигурност.
Продажба на опрема:
- Сервери
- Десктоп компјутери
- Лаптопи
- Принтери
- Мултифункциски утреди
- Мрежна опрема
- Телефонски централи
Продажба на потрошен материјал
- Тонери за ласерски принтери
- Кертриџи за инк-џет принтери
- Хартија
Продажба на апликативен софтвер:
- Софтвер за капитација за приватни здравствени установи, КА-СОФТ КАПИТАЦИЈА
- Софтвер за лабаратории, КА-СОФТ ЛАБАРАТОРИЈА
- Софтвер за специјалистички ординации, КА-СОФТ СПЕЦИЈАЛИСТ
- Медицински софтвер за болници и клиники
- Специјален софтвер според потребите на крајниот корисник.
Продажба на системски софтвер:
- Microsoft Windows
- Microsoft Office
- Autocad
- Bitdefender Antivirus
- Изработка на веб сајтови
- Хостирање на веб домени
- Проектирање и изведба на компјутерски жичани и бежични мрежи
- Проектирање и изведба на VPN мрежи
- Проектирање и изведба на VoIP IP PBX
- Проектирање и изведба на телефонски инсталации и поставување на локални телефонски централи
- Проектирање и изведба на системи за видео надзор
- Проектирање и изведба на системи за контролиран пристап
- Проектирање и изведба на системи за регисрација на работно време
Нудиме телекомуникациски услуги базирани на пренос на глас преку Интернет (Voice over IP- VoIP). Оваа технологија обезбедува меѓународни телефонски разговори по значително пониски цени од цените кои ги нудат класичните телеком оператори. За услугата не се плаќа месечна претплата туку се купува кредит чие време на искористување не е временски ограничено. Корисникот во секој момент може да ја провери состојбата на кредитот и да добие детална сметка за направените разговори во даден временски период.